Тринаесет години од македонскиот земјотрес во Литванија: „Леле луѓе што направивме“ (видео)

На денешен ден пред точно 13 години Македонија го оствари најголемиот успех во репрезентативниот спорт, стигнувајќи до полуфиналето на Евробаскет 2011.

Триумфот над Литванија од 65-67 засекогаш ќе остане запишан со златни букви во спортската историја на нашата земја, заедно со оние легендарни зборови „Леле луѓе, што направивме“ на Владо Илиевски, херојот што ја постигна легендарната тројка со која го шокиравме домаќинот на тој европски шампионат.

Македонија во полуфиналето загуби од Шпанија, потоа во мечот за третото место несреќно загуби од Русија, но останува гордоста секогаш кога ќе се потсетиме на таа легендарна генерација предводена од Мекејлеб, Антиќ… со браќата Стојановски, која ја крена нашата кошарка високо при самиот врв во европски рамки.

Се вчитува...