Шортс: Имав понуди на маса, но Париз е најдобриот клуб за мене…

ТиЏеј Шортс има зад себе две фантастични сезони, најпрвин стана МВП и првак во Лигата на Шампионите, за лани по трансферот во Париз со францускиот клуб да го освои Еврокупот и да се закити со МВП признанието и во второто по ранг натпреварување во кошаркарска Европа.

Трофејот во Еврокупот значеше и промоција во Евролигата, а добрите игри на Шортс придонесоа македонскиот репрезентативен плејмејкер да се најде на листата со желби на клубови со далеку поголемо реноме во европската кошарка. Сепак, Шортс на крајот сепак се реши да остане во Париз и да биде лидер на овој тим во дебитантската сезона во Евролигата.

„Имаше тимови, и тоа не еден, кои се јавуваа кај мојот агент, прашуваа за мојата ситуација, дали би заминал од Париз. Размислував и на крајот решив да отанам, верувам дека Париз е најдобриот клуб за мене, во првата сезона во Евролигата да бидам дел токму од оваа екипа“, изјави Шортс.

Интересно ќе биде да се види како врз Шортс ќе влијае заминувањето на тренерот Исало во НБА-лигата, ако се знае дека Шортс под водство на овој стратег блескаше и во Телеком Бон и во Париз.

„Секако дека беше чудно го дознав… тој е човекот што го собра овој тим на Париз и одлично го водеше ланската сезона. Сепак, кога сето тоа ќе се случи само се потстувате дека на крајот се се сведува на бизнис. Сега за тренер го имаме Тијаго Сплитер и можам да кажам дека транзицијата е успешна, тој е човек кој како играч бил дел од Евролигата и знае како да ни ги пренесе тие искуства и да ни помогне да се подготвиме за она што следи“, открива Ти-Џеј Шортс.

Се вчитува...