Даглас Луис летово потпиша од Астон Вила во Јувентус, а еден од условите на Бразилецот за реализација на трансферот беше Јуве за својот женски тим да ја потпише неговата девојка Алиша Леман.
Таа е квалитетна фудбалерка, актуелна репрезентативка на Швајцарија, па „старата дама“ ја исполни оваа желба на големото засилување. Леман почна со настапи, но во меѓувреме и го привлече вниманието со коментар на неочекувана тема – жалејќи се на огромната разлика во платите во машкиот и во женскиот фудбал.
„За Даглас и за мене беше сон да играме заедно во ист клуб, прекрасно е што можеме заедно да ги доживееме сите овие авантури. Работиме напорно, тренираме колку што се бара од нас, но не е фер разликите во плати да се толку големи. Не е нормално, ја извршуваме истата работа, професионални фудбалери, а тој зааработува 100.000 пати повеќе пари од мене“, се пожали 24-годишната Леман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА