Лина Ѓорческа обезбеди финале во двојки на ВТА Челинџерот во Љубљана

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра финале во двојки на ВТА Челинџер турнирот кој за вкупен награден фонд од 125.000 долари се игра во главниот град на Словенија, Љубљана.

Ѓорческа заедно со нејзината партнерка, Швајцарката Џил Тајмхан во полуфиналето денеска славеа во два сета против француско-чешката комбинација, Каскино/ Детиук.

Ѓорческа и Тајмхан трумфираа убедливо со 6-1 и 6-2 по помалку од еден час игра, лесно обезбедувајќи финале во игра на двојки.

Се вчитува...