Пелистер се разбуди во второто полувреме па ја „демолираше“ Струга

Ракометарите на македонскиот шампион Е. Пелистер немаа милост за Струга убедливо триумфирајќи со 37-20 во 2. коло од Суперлигата на Македонија.

Но, сето тоа беше благодарение само на одлично одиграното второ полувреме на „пелистерци“. Првото полувреме мина во израмнета игра се додека стружани успеваа да парираат на фаворизираниот противник, па заврши само со еден гол предност за домашните (13-12).

Но, во вториот дел комплетно нова слика на паркетот во Битола. Тотална доминација на шампионот кој го доби полувремето со 24-8.

Во победничкиот тим по седум гола постигнаа Нејц Цехте и Павле Атанасијевиќ, а Самоил Ристевски и Урош Борзаш мечот го завршија со по шест постигнати погодоци.

Ова е втора победа за Е. Пелистер во вториот натпревар сезонава, а Струга го запиша и вториот пораз.

Се вчитува...