Маурицио Покетино од неодамна е именуван за нов селектор на репрезентацијата на САД потпишувајќи договор до 31. јули 2026 година, односно до крајот на Светското првенство 2026 кое ќе се игра во Канада, САД и Мексико.
Поранешниот тренер на Еспањол, Саутемптон, Тотенхем, ПСЖ и Челси за првпат ќе води една репрезентација. Но, сега изненади многумина со изјавата дека САД по негово водство на СП 2026 ќе ја нападнат светската титула.
„Мора да веруваме дека може да триумфираме, дека ќе го освоиме Светското првенство. Сакаме играчите да излезат на терен од првиот дел со големи амбиции. За мене вербата е најмоќното оружје. Можеш да имаш талент, но мораш да веруваш и дека се е можно. Само така можеме да дојдеме до целта“ – вели Покетино, и дополнува:
„Многумина мислат дека немаме време за такво нешто, но јас мислам дека е можно. Верувам дека имаме доволно време да се подготвиме да бидеме победници до крај“ – истакнува Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

