Џорџо Кјелини една година по заминувањето во фудбалска пензија реши да се врати назад во Јувентус, прифаќајќи ја понудата на управата на „старата дама“ легендарниот дефанзивец повторно да стане дел од најтрофејниот италијански клуб.
Јуентус денеска објави дека Кјелини ќе ја изавршува улогата на водител на институционалните фудбалски односи на „црно-белите“ од Торино. Конкретно, 40-годишниот Кјелини ќе биде задолжен за одржување на позитивни односи со другите клубови од Серија А, со екипите ширум Европа, како и со националните селекции за кои настапуваат фудбалерите на Јуве.
„Кјелини никогаш не го напушти Јуве, неговото срце, душа и вредностите што ги застапува останаа поврзани со клубот, како на теренот, така и надвор од него“, се вели во соопштението на Јуве.
Дефанзивецот мина 17 сезони во дресот на „старата дама“, притоа настапувајќи 561 меч за Јувентус и освојувајќи девет шампински скудета. По заминувањето од Јувентус во 2022 година тој мина една и пол сезона во МЛС како член на Лос Анџелес ФЦ, по што во 2023 објави крај на кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА