Големо е разочарувањето во таборот на Ливерпул откако „црвените“ вчера загубија на домашен терен од Нотингем со 0-1, со што беше прекината серијата од три победи од стартот на Премиер-лигата.
Капитенот Вирџил ван Дајк не криеше дека е разочаран од прикажаното од својот тим, како една од причините наведувајќи ја и репрезентативната пауза која ги исфрли „црвените“ од ритамот по кој беа препознатливи на почетокот од сезоната.
„Ова беше многу разочарувачки ден за сите. Да не се лажеме, ова не личеше на Ливерпул, бевме премногу пасивни, загубивме премногу втори топки и тоа ни се одмазди. Знаевме како ќе игра Нотингем, на што моравме да внимаваме, но при секоја „50-50“ ситуација тие беа подобри, поподготвени. Не бевме доволно добри, сите сме разочарани бидејќи сме свесни за тој факт. Дури и со таква игра можевме да реализираме некоја од шансите што ги создадовме и да победиме, но на сите ни е јасно дека мораме да бидеме многу, многу подобри во иднина“, изјави Ван Дајк.
Следен предизвик за холандскиот ас и неговите клупски соиграчи ќе биде гостувањето против Милан во рамките од првото коло во Лигата на Шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА