Тиквеш потпиша црногорски бек и босански пивот

Екипата на Тиквеш го смени тренерот непосредно пред стартот на новата сезона, а кавадарчани под водство на новиот стратег Кристијан Грчевски решија да донесат и две нови засилувања за играчкиот кадар.

Како што денеска објавија, нови членови на Тиквеш се бекот Игор Кривкапиќ и Никола Летиќ, кои потпишаа договори со овој македонски суперлигаш и веднаш му се ставија на располагање на стручниот штаб.

Кривокапиќ настапува на позицијата среден бек, доаѓа од Црна Гора, а последен клупски ангажман му беше во полскиот прволигаш Островија. Пивотот Летиќ е младински репрезентативец на БиХ, кој потпиша за Тиквеш откако летово не се договори за трансфер во Струга, иако настапуваше за овој тим во текот на подготвителниот период.

Се вчитува...