Италијанскиот тенисер Јаник Синер продолжува со новите „засилувања“ во неговиот тим и тоа по рецептот на Новак Ѓоковиќ. По ангажманот на кондицискиот тренер Марко Паники, на социјалните мрежи објави фотографија и со Улисес Бадио, поранешниот физиотерапевт на Србинот.
View this post on Instagram
Бадио работеше заедно со Ѓоковиќ од март 2017 година до крајот на 2022 година кога двајцата не успеаја да се договорат за продолжување на соработката. Аргентинецот беше еден од поомилените во тимот на српскиот тенисер, а се истакна кога Србинот се соочуваше со проблеми со лактот, како и на патот до титулата на Австралија Опен во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА