Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 5. КОЛО
Фудбалерите на Работнички уште еднаш покажаа дека годинава и тоа како ќе биде сериозен залак за секој противник и дека тимот предводен од Горан Станиќ има амбиции за висок дострел. Ова коло на менито на „романтичарите“ беше актуелниот куп освојувач Тиквеш кој на арената „Тодор Проески“ беше рутински совлада со 3-1. Најтрофејниот Вардар по многу турбуленции во првиот меч по водство на Срџан Захариевски одигра реми 1-1 против Гостивар. Со истиот резултат заврши и дербито на Чаир меѓу домашниот Шкупи и тетовска Шкендија, а 1-1 беше и на мечот во Битола меѓу Пелистер и актуелниот шампион Струга ТЛ. Најубедлив ова коло беше Силекс кој ја прегази Воска на гостински терен со 0-3. Во натпревар со пет гола, Брера во првиот меч во кој од клупата ја водеше Горазд Михаилов славеше над Беса со 3-2.
====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ѓорѓе Ивковиќ (АП Брера)
Во натпревар со пет гола, Брера во првиот меч во кој од клупата ја водеше Горазд Михаилов славеше над Беса со 3-2. Најдобар поединец кај струмичани беше Ѓорѓе Ивковиќ кој со два гола донесе победа за неговиот тим. Затоа и повеќе од заслужено епитетот најдобар на 5. рунда му припаѓа на Ивковиќ.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Горан Станиќ (Работнички)
Фудбалерите на Работнички уште еднаш покажаа дека годинава и тоа како ќе биде сериозен залак за секој противник и дека тимот предводен од Горан Станиќ има амбиции за висок дострел. Ова коло на менито на „романтичарите“ беше актуелниот куп освојувач Тиквеш кој на арената „Тодор Проески“ беше рутински совлада со 3-1. Горан Станиќ повторно на одличен начин го подготви натпреварот и заслужено е избран за тренер на колото во ПМФЛ.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Немања Босанчиќ (Вардар)
Вардар успеа да извлече бод против Гостивар на дебито на Срѓан Захариевски на клупата на најтрофејниот македонски клуб. А, сето тоа благодарение на уште еден дебитант во црвено-црните редови, офанзивецот Немања Босанчиќ.
Српскиот напаѓач мајсторски погоди директно од слободен удар, од околу 20 метри, во 84. минута за конечни 1-1. Погодок, кој се издвојува и како гол на колото во петтата рунда натпревари од Првата македонска фудбалска лига…
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА