Најдобриот хокеар во 21. век го продолжи договорот со Питсбург

Еден од најдобрите хокеари во историјата, Сидни Крозби го продолжи договорот со Питсбург Пингвинс до 2027 година.

Брилијантниот Канаѓанец за двегодишната соработка ќе добие 17,4 милиони долари или 8,7 милиони по сезона.

Крозби ќе ја започне својата 20. сезона во НХЛ, а 18. како капитен на познатата франшиза од Питсбург. Тој го предводеше својот тим до три шампионски титули во 2009, 2016 и 2017 година.

Се вчитува...