Поранешниот возач на Ферари Герхард Бергер не се сомнева кој е најдобриот на сите времиња во историјата на Формула 1.
Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.
„Тој ја има онаа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.
Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да ја освои четвртата. Сепак, тој и понатаму е далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум трофеи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА