Иако уште по завршувањето на финалето кое Реал Мадрид го доби против Борусија Дортмунд со 2-0 беа прогласени најдобрите во минатата сезона во Лигата на шампионите, тие своите признанија ги добија ден пред почетокот на новата сезона.
Бразилскиот интернационалец Винисиус Жуниор беше избран за најдобар фудбалер минатата сезона во Лигата на шампионите, додека неговиот соиграч Џуд Белингем го доби признанието за најдобар млад фудбалер.
Најдобар стрелец минатата сезона во елитата беше Килијан Мбапе кој иако наградата денеска ја доби заедно со Белингем и Винициус на тренингот на Реал Мадрид, тој ова признание го заработи како фудбалер на Пари Сен Жермен за кого минатата сезона постигна 13 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА