Лацио ја совлада Верона за втора победа сезонава во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Лацио стигнаа до втората победа сезонава во италијанската Серија А откако вечерва во последниот натпревар од 4. рунда на домашен терен во интересен натпревар славеа над Верона со 2-1.

Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Булаје Диа уште во 5. минута од натпреварот. Само две минути подоцна гостите израмнија на 1-1 со погодокот на Каспер Тенгстет. Ново водство за „лацијалите“ кое на крајот се покажа како доволно за победа од 2-1 го донесе Тати Кастеланос во 20. минута.

Lazio [2]-1 Verona – Taty Castellanos 21'
byu/Meladroitdimage insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...