Почина легендарниот тениски тренер Роберт Лансдорп

Легендарниот американски тренер Роберт Лансдорп почина на 86-годишна возраст. Американските медиуми ја пренесоа тажната вест дека почина легендарниот тренер Роберт Лансдорп, кој тренираше бројни големи тенисери и им помогна да освојат 24 гранд-слем титули.

Работеше со Пит Сампрас, Марија Шарапова, Линдзи Девенпорт, Трејси Остин… Беше експерт за форхенд, бекхенд и волеј. Пит Сампрас во една прилика изјави дека Роберт го научил на се, а особено е благодарен за вежбата „20“ каде 20 пати морал да упатува перфектни удари и секогаш кога ќе згрешел почнувал од почеток, дури и да има 19 успешни.

Лансдорп работеше со тениската елита и најмалку 20 играчи кои ги тренираше беа во ТОП 50 во светот.

Се вчитува...