Четирикратен олимписки шампион, Леон Маршан од 10. до 15. декември ќе плива на Светското првенство во мали базени во Будимпешта. Одличниот Французин во понеделникот се врати на базенот по шест недели одмор, кој го зеде по неверојатниот настап на Игрите во Париз.
Во француската престолнина Леон го освои златото во дисциплините 200 градно, 200 пеперутка и 200 и 400 мешано и беше најуспешен учесник на најголемиот светски спортски настан.
Во наредниот период тој нема да се врати во Тексас со својот тренер Боб Бауман, туку до крајот на оваа година ќе тренира во Тулуз. Тој во октомври ќе учествува на некои собири од Светскиот куп, а главна цел му е планетарното првенство во 25-метарски базени во Унгарија.
Интересно е што Маршан од 2019 година воопшто нема пливано во мали базени во Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА