Баерн Минхен вечерва ќе го пречека Динамо Загреб во првото коло од Лигата на Шампионите, а пред Ристовски, Адеми и останатите фудбалери на хрватскиот првак е огромен предизвик – да се издржи притисокот на моќниот домаќин на „Алијанц Арена“.
Баерн е тим што традиционално моќно ги стартува сезоните во елитното натпреварување, па така во последните 20 средби од првите рунди од ЛШ баварскиот гигант има максимални 20 победи. Гол-разликата е застрашувачка, 51 постигнат гол за Баерн и само пет за противниците, од кои три постигна лани Манчестер Јунајтед во поразот од 4-3 во Минхен.
Последниот тим што успеал да слави над Баерн во првото коло од ЛШ е Ла Коруња во 2002 година, кога шпанскиот тим триумфираше со 2-3.
Баерн лани ја отвори европската сезона со триумф од 4-3 над Јунајтед, во 2022/23 како гостин го совлада Интер со 0-2, а една година претходно, во септември 2021 како гостин ја декласираше Барселона со 0-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА