Родри, иако мирен, и се закани на УЕФА: „Ќе стапиме во штрајк“

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Шпанецот Родри вели дека фудбалерите се блиску до одлуката да стапат во штрајк поради зголемениот број натпревари, посебно во Лигата на шампионите која се игра по нов формат.

Пред утрешниот меч во ЛШ, Родри зборуваше пред медиумите нагласувајќи дека веќе на сите играчи им е доста од сето ова.

„Ако прашате било кој играч, ќе ви го каже истото. Тоа е општо мислење меѓу играчите, ова не е само мое мислење. Ако се продолжи вака, нема да имаме друг избор освен да стапиме во штрајк“ – вели Родри.

Синдикатот на фудбалерите (ФИФПро) неодамна повика на заштита на правата на фудбалери, кои се под голем притисок.

„Мора да се грижеме за себа. Ако луѓето сакаат квалитетен фудбал, па ни треба одмор. Во спротивно, ако се зголемува постојано бројот на натпревари, тогаш и нивото на квалитет опаѓа“ – истакнува Родри.

Се вчитува...