Нов проблем за Барселона: Само што почна со тренинзи, фудбалер повторно се повреди

На денот кога се врати на тренинзите по повредата, Фермин Лопез доби нова. Барселона во вторникот потврди дека Фермин Лопез се вратил на тренинзите со тимот, а набргу потоа заработил уште една повреда.

Лопез отсуствуваше неколку недели поради повреда на мускулот и изгледаше подготвен да се врати, што би било од големо значење за Ханси Флик, кој штотуку беше без Дани Олмо најмалку еден месец.

За жал, Лопез повреди мускул на другата нога и тоа значи нова пауза. Се очекува оваа пауза да трае три недели.

Добра вест за Барса е враќањето на Френки де Јонг, кој целосно се опорави и ќе биде на располагање на тимот.

Се вчитува...