Маркињос: ПСЖ нема „голема ѕвезда“, но за мене овие играчи се најдобри на светот

Фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) нема „голема ѕвезда“, но цели кон врвот на табелата во Лигата на шампионите, изјави денеска капитенот Маркињос во пресрет на утрешниот натпревар против Џирона во новиот формат во Лигата на шампионите.

Тој додаде дека има многу натпревари, и дека ПСЖ не смее да дозволува лесно да губи бодови, затоа што секој кикс ќе чини скапо.

„За мене моите соиграчи секогаш ќе бидат најдобрите на светот, дури и кога нема големи имиња и големи ѕвезди“, рече Маркињос пред утрешниот меч.

„Почнуваме во нов формат, не смееме да губиме бодови, и добро е што почнуваме од дома“, изјави Бразилецот.

Се вчитува...