Официјален крај на сагата: Рабио промовиран во Олимпик Марсеј

Адриен Рабио ја заврши својата трансфер сага, и потпиша за Олимпик Марсеј. Откако летово беше поврзуван со неколку клубови од Италија, Англија и Шпанија, на крајот играчот од средниот ред се договори со тимот од „Велодром“.

Марсеј бесплатно го доби францускиот репрезентативец, откако го раскина договорот со Јувентус. Тој се враќа во Франција после пет години, откако во 2019 година од ПСЖ, замина во Јувентус.

29-годишниот Рабио беше поврзуван со гиганти како Милан, Барселона, Манчестер Јунајтед, а имаше понуди и од Саудиска Арабија, но стави крај на сите шпекулации и денеска официјално беше промовиран во новиот клуб, кој уште пред два дена објави дека постигна договор со играчот.

Се вчитува...