Фудбалерот кој ѝ ја донесе светската титула на Аргентина осомничен за силување

Светскиот првак со Аргентина, Гонзало Монтиел ќе мора да оди на психолошка проценка која ја наложи судот околу истрага во која се најде за наводно силување.

Поранешната партнерка на 27-годишниот фудбалер, тврди дека Монтиел и неговите пријатели ја дрогирале и ја силувале во Аргентина во 2019 година. Тогаш Монтиел играл за Ривел Плејт.

Случајот се уште е во фаза на истрага, а обвинителството ќе одлучи дали ќе покрене постапка или не. Гонзало Монтиел беше повторно повикан во петокот на дополнително вештачење. Одбраната на играчот преку соопштение објави дека „приложени се убедливи докази кои покажуваат отсуство на вмешаност на Монтиел во делата за кои е обвинет“.

Адвокатот на девојката изјавил дека нејзината клиентка нема јасни слики за случувањето, затоа што била дрогирана.

Монтиел беше изведувач на клучниот пенал во финалето против Франција со кој Аргентина ја освои титулата светски првак.

Се вчитува...