ФОТО+ВИДЕО: Пандев отпатува во Манчестер, ќе го бодри Интер на дуелот со Сити

Вечерва Интер во дуелот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите ќе има поддршка од својот некогашен играч Горан Пандев. Некогашниот репрезентативец и член на Интер отпатува во Манчестер, каде што вечерва ќе го следи натпреварот од 1. коло во новиот формат во Лигата на шампионите.

Пандев присуствуваше и на вчерашниот тренинг на екипата, и се поздрави со дел од играчите на „нероазурите“.

Пандев со Интер во 2010 година ја освои Лигата на шампионите.

Се вчитува...