Екипата на Рома му врачи отказ на својата легенда Даниеле де Роси како тренер на клубот. Де Роси дојде во Рома минатата сезона на местото на Жозе Мурињо, и забележа одлични резултати, но слабиот старт во новата сезона придонесе за разделбата.
Оваа одлука доаѓа сосема ненајавено, со оглед дека Де Роси е икона на тимот на Рома, и миленик на навивачите, меѓутоа од клубот соопштија дека го прават за доброто на Рома.
„Одлуката е донесена за доброто на клубот, за да може навремено да продолжи по вистински пат, кога сезоната уште е на почеток. Ова секогаш ќе биде дом за Даниеле, и му благодариме за работата што ја изврши во последните неколку месеци“, стои во соопштението на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА