Во Баерн може да здивнат: Повредата на Нојер не е сериозна

Баерн Минхен вообичаено со победа ја започна новата кампања во Лигата на шампионите. Тимот од Минхен го растури Динамо Загреб на домашен терен со 9-2.

Во таа еуфорија како да се заборави на повредата на првиот голман Мануел Нојер, кој мораше да седне на клупата на полувремето. Тој се повреди во првиот дел при еден скок, незгодно падна, па Компани се реши да не го вади на теренот во вториот дел.

„Тоа го сторивме за да не ризикуваме“, рече Компани и додаде:

„Мислам дека не е ништо сериозно, но за секој случај се решивме да не го игра второто полувреме. Го очекуваме да биде на голот веќе против Вердер во сабота“, изјави Компани.

На Нојер на стартот од натпреварот му беше укажана помош откако незгодно падна по одбрана со глава далеку од својот гол, што е вообичаено за германскиот гол. Меѓутоа почувствувал нелагодност во текот на полувремето, па на паузата во разговор со лекарскиот тим се договориле дека е најдобро да остане на клупата.

Се вчитува...