Белингем: Колку некои и да не сакаат, соработката во Реал е одлична

Реал Мадрид со победа од 3-1 против Штутгарт, ја стартуваше новата кампања во Лигата на шампионите. Оваа победа беше добродојдена, со оглед дека „кралевите“ трпат огромни критики поради играта во последно време.

Иако Штутгарт имаше неколку добри шанси во првиот дел, имаше и 1-1 до пред самиот финиш, сепак, не издржа, па Реал Мадрид се радуваше на победата.

Медиумите веќе неколку неделни наназад пишуваат за нарушени односи помеѓу ѕвездите на тимот, пред се на Мбапе, Винисиус, Родриго и Белингем.

Реагираше Англичанецот кој одговори на сите критики:

„Прочитав на социјалните мрежи, се сака да се креира нешто негативно меѓу Мбапе, Родриго, Винисус и мене. Колку некој и да сака да прикаже проблем, единствената вистина е дека ние сме одлични другари и на теренот и надвор од него“, изјави Белингем.

И Родриго вчера по мечот кажа дека соработката во клубот е одлична, и дека нема никакви проблеми со никого.

Се вчитува...