Почина легендата на италијанскиот фудбал и херој на Италија од СП 1990 – Тото Скилачи.
Скилачи почина денеска на 59-годишна возраст по долга борба со тумор на дебелото црево.
Скилачи го носеше дресот на Месина, Јувентус, Интер и Џубило Ивата, но најпрепознатлив е по настапот на СП 1990 кога го воодушеви светот засенувајќи го и големиот Диего Армандо Марадона.
Иако беше во втор план, се наметна со шест гола и ја освои „Златната копачка“ како најдобар стрелец на турнирот. Таа година го освои и второто место во трката за Златната топка. Интересно е дека освен тие шест гола на СП, за Италија погоди потоа само уште еднаш во кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА