Елмас се враќа во Наполи во јануари?

Откако пропадна можноста да замине на позајмица во Галатасарај, а не е во плановите на Лајпциг ниту во новата сезона, Елиф Елмас би можел да направи голем „кам-бек“ во Наполи и тоа уште во јануари.

Наводно новиот тренер Антонио Конте бил миленик на играта на Елмас, и би немал ништо против македонскиот репрезентативец да се врати во Серија „А“.

Елмас во Наполи ги мина засега најдобрите денови во кариерата, а на почетокот на оваа година направи трансфер во Лајпциг за 23 милиони евра. Сепак, во овој тим добива мала минутажа, иако очекуваше повеќе да игра и затоа направи трансфер. Меѓутоа во Бундеслигата не ја добива потребната минутажа, па затоа сака да замине.

Тој играше во Наполи од 2019 до 2024 година, и со тимот го освои долгоочекуваното Скудето.

Се вчитува...