Милан лошо ја стартуваше новата сезона. Во Серија „А“ има само една победа над Венеција, додека во Лигата на шампионите вчера „росонерите“ беа поразени и надиграни од Ливерпул. Она што ги загрижува челниците на „црвено-црните“ и навивачите, е тоа што Милан нема игра со која може да нападне успех сезонава.
Затоа во таборот на гигантот од Милано веќе размислуваат за тренерска смена, и тоа само неполни три месеци откако Пауло Фонсека беше назначен за нов тренер на местото на Стефано Пиоли.
Во италијансктие медиуми веќе наголемо се шпекулира дека само триумф и добра игра на дербито против Интер го спасува од отказ, во спротивно веќе ќе му се заблагодарат за услугите. Затоа на „Сан Сиро“ се очекува да се врати добро познато име. Станува збор за досегашниот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри, кој го водеше и Милан до титула во Серија „А“.
Алегри мина четири години во Милан, од 2010 до 2014, а потоа во два наврати го водеше Јувентус, односно од 2014 до 2019, и повторно од 2021 до 2024 година. Со милан ја освои титулата во сезоната 2010-11, а со Јувнетус беше пет пати по ред првак, по што се реши да си замине. Играше со Јувентус и двапати во финалето во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА