Хрватскиот чувар на мрежата на голот на Фенербахче, Доминик Ливаковиќ минатата сезона беше мета на критичарите поради лошите настапи за славниот турски клуб, но оваа сезона тој се препороди па на девет натпревари досега прими само девет голови и четири пати ја сочува мрежата недопрена.
Причината за препородувањето е Жозе Мурињо, наведуваат турските медиуми. Имено, португалскиот стартег и хрватскиот голман имале едночасовен состанок во четири очи по што експресно се вратила самодовербата на 29-годишникот.
„Мурињо имаше едночасовен состанок во четири очи со Ливаковиќ“, пишуваат Турците и тврдат дека португалскиот стратег му го соопштил следното: „Сакам да продолжам со тебе на голот, нема да барам нов голман“.
Со тоа тој ја вратил самодовербата на Ливаковиќ и е главна причина за враќањето на претпознатливата форма која ја негуваше особено во настапите на хрватската репрезентација.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА