Поранешниот француски шампион Бордо доживеа финансиски крах поради кој беше исфрлен во четвртата лига, но за експресен премин во поголем ранг сега доби екстра засилување. Станува збор за поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол кој своевремето важеше за најдобар напаѓач на „Островот“.
Керол сениорскта кариера ја започна во Њукасл Јунајтед каде по одличните настапи во три сезони реализираше премин во Ливерпул за 41 милион евра, но не ги исполнува очекувањата па следеше „турнеја“ низ Англија и настапи за Вест Хем Јунајтед, Рединг и Вест Бром.
Сега 35-годишникот последната сезона ја помина во Аминес каде на 32 одиграни натпревари постигна само четири голови. Во Бордо пристигнува како слободен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА