Перишиќ претставен во новиот клуб: Ова е Иван…

Иван Перишиќ пред нецел месец ги шокираше навивачите на Хајдук со одлуката да го напушти хрватскиот гигант само половина година откако дојде во оваа екипа.

Крилниот фудбалер во изминатиот период беше поврзуван со бројни клубови, за денеска и официјално да ја објави следната дестинација во кариерата – потпишувајќи едногодишен договор со ПСВ Ајндховен.

Челниците на холандскиот првак беа во потрага по играч кој би донел искуство крај Де Јонг во овој млад тим, а Перишиќ дефинитивно ќе биде од помош во дресот на ПСВ.

„Кога имате толку многу одиграни натпревари како Иван Перишиќ, сигурно сте добар фудбалер кој речиси секогаш е во топ-форма. Во спротивно не би стигнале ди приближно на оние 612 средби и 141 гол што ги има Перишиќ во својата кариера. По повредата на Лозано ни се отвори место на крило, но Иван може да ни помогне и на други позиции во екипата“,изјави спортскиот директор на ПСВ Ајндховен, Ернест Стјуарт.

Се вчитува...