О’Саливен разочаран: Ако веќе се срамотам, подобро да играм со лева рака

Рони О’Саливен не го крие разочарувањето по слабата форма на најдобриот снукер-мајстор на сите времиња, откако пред неколку дена загубо од Хе Гуокианг од Кина во првото коло од Отвореното првенство на Англија.

Две седмици претходно Рони беше поразен и во четвртфиналето од Мастерсот во Саудиска Арабија, а големиот ас е загрижен што е далеку од посакуваната форма.

„Страшно е, срамно е… како ми се случува да промашувам толку многу удари. Ме вбројуваа меѓу фаворитите за светскиот шампионат, но сега не сакам ни да зборувам за тоа. Толку сум далеку со формата што не ни помислувам дека можам до титула. Признавам, малку е чудно, но барем не чувствувам притисок бидејќи знам дека сум толку катастрофален во настапите што трофеите се невозможна мисија“, истакна О’Саливен.

Тој на шега го најде и лекот за слабата форма, за да почне повторно да ужива во снукерот му дојде и идеја да почне да игра со лева рака.

„Можеби ќе ми тргне ако удирам со лева. Ако веќе играм лошо и промашувам, подобро да удирам со лева и да сум насмеан, отколку да грешам со десна и да се нервирам“, прокоментира најдобриот снукер играч на денешницата.

Се вчитува...