Рома вечерва и официјално го именуваше Иван Јуриќ за нов шеф на стручниот штаб, неколку часа откако римскиот клуб ја прекина соработката со досегашниот тренер Даниеле де Роси.
Клупската легенда ја плати цената за слабиот старт на сезоната, „волчицата“ веднаш се поврзуваше со Тухел и со Терзиќ, за на крајот неочекувано да го избере Јуриќ за кормилар. Пресуден беше фактот дека Хрватот единствен прифати договор до крајот на оваа сезона, па Рома во официјалното соопштение потврди дека договорор со новиот тренер е до јуни 2025 година.
Јуриќ, кој минатиот месец наполни 49 години беше без ангажман од крајот на ланската сезона кога реши да не ја прифати понудата за нов договор од Торино. Претходно, тој има работено и како предводник на Мантова, Кротоне, Џенова и Верона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА