Артета ја објави лошата вест: Арсенал ќе мора подолго време без Одегард

Арсенал ќе мора подолго време да се снаоѓа без помошта на капитенот Мартин Одегард, откако беше обелоденето дека норвешкиот ас има сериозна повреда на лигаментите на скочниот зглоб.

Тој се повреди при настап за норвешката репрезентација, првичната прогноза изнесуваше пауза од еден месец, но деталните прегледи покажале и дополнителни проблеми. Ова на денешната прес-конференција пред дуелот со Аталанта го обелодени Микел Арета.

„Прегледите покажаа проблем, оштетуваше на еден од лигаментите на скочниот зглоб. Од она што ми е кажано, повредата е прилично голема, така што ќе мораме подолго време да се снаоѓаме без капитенот“, изјави Артета.

Добра вест за „топчиите“ е што Сака и Калафиори се опоравија од своите повреди и ќе можат да настапат против Аталанта.

Се вчитува...