Динамо Букурешт подобар од Висла Плоцк, ППД Загреб го шокираше Алборг

Ракометарите на хрватскиот шампион ППД Загреб направија вистинска сензација откако вечерва на домашен терен славеа против актуелниот вицешампион Алборг со 31-23 во натпревар од 2. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Хрватите уште во првото полувреме почнаа силно па веќе на пауза имаа позитива од четири гола 13-9. До крајот успеаја да го исконтролираат резултатот и да стигнат до голем триумф во борбата за пласман во нокаут фазата. Кларица и Главаш со по седум гола беа најдобри поединци кај победникот, додека кај поразените Кристиан Бјорнсен постигна пет гола.

Динамо Букурешт ја забележа и втората победа сезонава во елитата откако вечерва помалку и изненадувачки славеше на гостувањето во Полска, кај Висла Плоцк со 25-28. Во еден израмнет меч Романците во текот на сите шеесет минути беа подобар противник и на крајот заслужено стигнаа до триумф од 26-28. Станислав Кашпарек со пет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Микал Дашек постигна седум гола.

Се вчитува...