Болоња и Шахтјор без „муниција“, Спарта Прага со фудбалска лекција за Салцбург (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болоња одиграа без голови 0-0 на домашен терен против Шахтјор во првиот натпревар по 60 години на овој тим во Лигата на шампионите. Иако Болоња беше фаворит на овој меч, на крајот домаќините треба да бидат задоволни со ремито, бидејќи гостите уште во 4. минута од натпреварот не искористија пенал, откако ударот на Судаков беше одбранет од Скорупски.

Łukasz Skorupski penalty save against Shakhtar Donetsk 4'
byu/CivillyWalk757 insoccer

Спарта Прага одигра неверојатен натпревар и стигна до огромна победа од 3-0 на домашен терен против Салцбург со која си отвора врата за пласман во нокаутфазата сезонава во елитата. Домаќините поведоа со 1-0 преку Каиринен уште во 2. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Олатунџи во 42. минута, додека конечните 3-0 беа дело на Лаци во 58. минута од натпреварот.

Sparta Praha 3-0 RB Salzburg – Qazim Laci 58'
byu/Meladroitdimage insoccer

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...