Милосављев: Атмосферата во Битола беше одлична, задоволни сме од победата

Ракометниот шампион на Македонија, Пелистер го забележа и вториот пораз во новата сезона во Лигата на шампионите откако во второто коло на домашен терен загуби од германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин со 22-30.

Феноменален на голот на германскиот тим беше поранешниот вардарец, Дејан Милосављев кој забележа 14 интервенции.

„Среќен сум за оваа прва победа во ЛШ, многу важни поени за нас. Атмосферата е многу добра во Битола. Од првиот ден кога дојдовме тука, чувствував дека луѓето се многу фини кон нас. Одигравме добро и против Веспрем, имавме се во свои раце. Денеска исто така одигравме квалитетно, важно беше да имаме предност на полувреме. Промашивме доста шутеви, но добро се заврши по нас. Играме на два тешки фронта, во ЛШ и во Бундеслигата, па разбирлив е заморот. Морам да нагласам дека е одлично да се игра тука, во оваа арена, пред оваа публика во овој регион од Македонија“, изјави Милосављев. 

Се вчитува...