Ачерби го стави Халанд „во џеб“, па му побара ДВА дреса за спомен (видео)

Франческо Ачерби одигра маестрално во одбраната на Интер против атомскиот напад на Манчестер Сити, па „граѓаните“ прв меч сезонава не успеаја да го најдат патот до противничкатамрежа.

Ерлинг Халанд беше целосно неутрализиран, а интересна случка имаше и по последниот судиски свиреж… голгетерот беше подготвен да ги смени дресовите со својот чувар, но остана шокиран кога Ачерби му побара… два дреса за возврат.

Норвежанецот не постигна гол, но беше одлично расположен, па големи се шансите дека му ја исполнил желбата на италијанскиот репрезентативец…

Се вчитува...