Раководството на МЗТ Скопје успеа да се договори со две од трите страни од кои ги имаше загубено споровите пред судот на ФИБА, па македонскиот првак сега има само една, наместо три БАТ забрани за трансфери.
Аеродромци успеаја да постигнат договор за исплата на рати со екс-тренерот Петровиќ како и со Страхиња Миќовиќ, а последна пречка за да може да бидат регистрирани сите нови кошаркари е да се најде заеднички јазик со Американецот Дастин Вер. Тој прв ја доби правната битка со „металците“ уште во април годинава, но обидите да се постигне договор за исплата на долгот засега не вродија со плод.
Македонскиот првак е во трка со времето ако се знае дека веќе на 24 септември го игра премиерниот меч во АБА2 на домашен терен против Теодо, а за четири дена подоцна е закажан Супер-купот на Македонија против екипата на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА