Барселона со денешното гостување во Монако ќе ја почне новата сезона во Лигата на Шампионите, а Ханси Флик јасно стави до знаење дека очекува неговиот тим да се бори за трофејот во елитното европско натпреварување.
Германецот има перфектен старт по серијата извонредни настапи во Ла Лига, а Флик е убеден дека неговиот тим има се што е потребно за да биде и при самиот врв во европскиот фудбал.
„Подготвени сме да се натпрваруваме со сите. Верувам дека можеме да стигнеме до титулатa во Лигата на Шампионите. Големите клубови како Барселона сакаат секогаш да освојуваат пехари, јас го делам истиот менталитет. ЛШ е најголемото натпреварување во светот, а јас сум убеден дека Барса може да игра и да победува против најдобрите во Европа“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА