Новиот АБА лигаш донесе американско засилување

Новиот член на АБА лигата, Дубаи донесе уште едно засилување. Дресот на тимот од Обединетите Арапски Емирати во наредниот период ќе го носи Американецот Ајзеја Тејлор кој настапува на позицијата бек.

Тејлор до неодамна настапуваше за кинескиот клуб Шанкси, а во текот на минатата сезона извесен период беше член на Жалгирис. Во Евролигата играше и во сезоната 2022/23 кога ги бранеше боите на Ефес.

Во Америка дипломирал на Тексас колеџот, а во НБА беше дел од Хјустон Рокетс и Атланта Хокс.

Се вчитува...