Македонија останува на 72. место на ФИФА ранкингот

Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 72. место на најновото рагнирање на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Ремито со Фарски острови и победата над Ерменија значеа дека Македонија нема да забележи на напредок, ни пад на новото рангирање на Светската куќа на фудбалот.

Од нашите противници во Лигата на нации Eрменија е на 96. место, Летонија е 137. светска сила, додека Фарски острови се на 140. место.

 

Се вчитува...