„Куртоа е Меси, Роналдо и Марадона во едно“

Поранешниот голман на Реал Мадрид, Сантијаго Канизарес го изрази своето воодушевување од Тибо Куртоа.

Куртоа беше играч на натпреварот во победата на Реал против Штутгарт во Лигата на шампионите, а Кањизарес по мечот за шпанските медиуми изјави дека во моментов тој е најдобар на светот.

„Имаше време кога велевме, тука е Меси,па сите останати, или тука е Марадона па сите останати… Па, ова е слично. Куртоа е Марадона, Меси и Кристијано на голот. Тој е многу подобар од другите“, изјави Кањизарес. 

Се вчитува...