Македонскиот кошаркарски прволигаш Тиквеш денеска официјално промовираше три нови засилувања за престојната сезона. Станува збор за американските интернационалци Ајзак Џонсон, Том Кари и Мајкл Грин.
Џонсон ја покрива бековската позиција и во Кавадарци пристигнува од универзитетот Роџерс Стејт каде на 29 одиграни натпревари бележи просек од 14.1 поен и 4.4 скокови.
Бековската позиција ќе ја засили и Грин кој доаѓа од редовите на Универзитетот Џејмс Медисон каде на 36 натпревари бележи просек од 7.3 поени, 3.3 асистенции и 1.3 скокои по натпревар.
Единствен со европско искуство е Кари кој дел од претходната сезона ја поминал во португалскиот тим Васко де Гама бележејќи просек од 17.1 поен и 6.4 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА