Црвена Звезда доживеа минимален пораз од Бенфика од 1-2 во првиот натпревар од годинашнава сезона во Лигата на шампионите.
На дуелот во Белград, Португалците целокупната задача си ја завршија уште во првото полувреме кога најпрво Актуркоглу уште во 9. минута донесе предност од 0-1.
А, потоа Октун Кокчу постигна маестрален гол директно од слободен удар од околу 25 метри во 29. минута, за водство и од 0-2.
Црвено-белите единствено преку Милсон во 86. минута успеаја да го ублажат поразот.
Баер Леверкузен, пак, убедливо со 0-4 славеше на гостувањето против Феенорд во Ротердам.
Вирц уште во 5. минута донесе 0-1 за Германците, а потоа Грималдо во 30. минута зголеми на 0-2. Вирц со својот втор гол во 36. минута донесе и 0-3, а со автоголот на Веленрутер во 45. минута, Баер Леверкузен уште пред полувремето имаше конечни 0-4.
Второто полувреме беше само рутина за германскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА