Атлетико Мадрид во 90. минута го реши Лајпциг, Елмас доби 10 минути на „Метрополитано“ (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид со пресврт дојде до победа на стартот од сезоната во Лигата на шампионите триумфирајќи со 2-1 против Лајпциг на „Метрополитано“ во Мадрид.

Во мечот во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 83. минута од средбата на местото на Симонс, Атлетико Мадрид до победата дојде во 90. минута со голот на Хименез, а на асистенција на Гризман.

Претходно, Лајпциг уште во 4. минута дојде до водство од 0-1 со голот на Шешко. Но, Гризман успеа да израмни во 28. минута.

Аталанта и Арсенал одиграа натпревар без голови во Бергамо, а Брест славеше со 2-1 против Штурм. Французите до победата дојдоа со погодокот на Сима во 56. минута откако претходно Мањети ги донесе во водство од 1-0 во 23. минута, но со автоголот на Хернандез гостите израмнија во 45. минута.

Се вчитува...