Килијан Мбапе во летниот преоден рок пристигна од Реал Мадрид како слободен фудбалер од ПСЖ, станувајќи најплатениот фудбалер во историјата на клубот.
Како што пренесуваат дел од европските медиуми, на пооделни фудбалери во соблекувалната на Реал веќе им засметал фактот дека Мбапе во Реал заработува годишна плата од 15 милиони евра нето.
Реал во своите редови има низа врвни фудбалери, па искусниот Флорентино Перез за да ги смири страстите и воведе повторно мир во соблекувалната одлучил да ја зголеми платата на уште двајца играчи. Перез многу добро знае дека мирот и единството во соблекувалната е најсилното оружје на „кралевите“.
Пред доаѓањето на Мбапе најплатени во Реал, со годишна плата од 10 милиони евра нето, беа Џуд Белингам и Винисиус Јуниор. Како што пренесува „Дејли мејл“, како би избегнал проблеми Перез одлучил да ја израмни платата на Белингам и Винисиус со онаа на Мбапе. Па, и Бразилецот и Англичанецот, двајцата најзаслужни за освоената двојна круна минатата сезона, ќе бидат наградени со зголемување од пет милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА