Барселона доживеа пораз на првиот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите на гостувањето во Франција кај Монако со 2-1.
Каталонците уште во раната фаза останаа без Гарсија кој доби директен црвен картон, па не успеаја до крај успешно да парираат на домаќините.
Тренерот Ханси Флик верува дека ќе биде многу подобро на следните натпревари, нагласувајќи дека Монако заслужил да победи синоќа.
„Мора да признаеме дека тие заслужија да победат. Сега треба да гледаме само напред и да се вратиме поподготвени за следните натпревари. Секако, имаме уште седум шанси. Сигурен сум дека кога ќе се вратат повредените играчи ќе бидеме многу посилни“ – истакна синоќа германскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА